Поврзете се со нас

Македонија

Вецлар на Кузмановски ја прекина црната серија и конечно се израдува на победа во Бундеслигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HSGWetzlar/

Вецлар на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски конечно ја забележа првата победа во Бундеслигата во оваа календарска година и тоа на гостувањето кај Штутгарт со 30-28.

Долго време Вецлар бараше позитивен резултат во домашниот шампионат, резултат до кој успеа конечно да дојде и тоа против некогашната екипа на Жарко Пешевски. Филип и компанија одиграа квалитетно прво полувреме во кое се стекнаа со позитива од 18-11, предност која по паузата знаеја како да ја одбранат, сочуваат и да дојдат до заслужени два бода.

Кузмановски даде два гола и зароботи црвен картон.

Во наредното коло Вецлар е домаќин на Минден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни