Search

Дред прославува втора година на улична култура со УЛТРА БИГ дроп и Скопско пиво

Дред Спејс на Ленинова уште еднаш се претвора во епицентар на уличната култура, креативноста и вкусот на 11-ти мај, додека го одбележува второто годишно постоење. Овој пат, за да го одбележат, подготвени се со УЛТРА БИГ дроп на нова колекција, вкусни Дред сендвичи од Тото и УЛТРА ЛИМИТИРАНО Дред x Скопско пиво.

Сите присутни ќе имаат можност да уживаат во музиката на диџеј Vukoveetch, додека ги испитуваат новите артистички изрази и модни креации на местото кое стана симбол на уличната култура во Скопје.

„Придружете ни се и вие на оваа лудница во Dread Space и заедно да го прославиме ова прославено место на улична култура и креативност. Не заборавајте да повикате и пријател“ велат организаторите на овој настан на објавата на социјалните мрежи.

Најново

Последни колумни