Поврзете се со нас

Англија

Аморим се извини за јавните преговори со премиерлигашки клуб: Сум ги казнувал играчите за многу помали работи

Објавено

на

Foto:twitter.com/SportingCP

Рубен Аморим беше на потесната листа на Ливерпул за потенцијални наследници на Јирген Клоп, но „црвените“ на крајот се одлучија за Арне Слот и практично веќе го договорија холандскиот стручњак.

Тренерот на Феенорд во новата сезона ќе биде менаџер на Ливерпул, а се поизвесно е дека Аморим сепак ќе биде дел од Премиер лигата, но како менаџер на Вест Хем.

Дејвид Мојс е пред крај на својот циклус како предводник на „чеканите“ и неговото заминување е веќе најавено, а Аморим веќе јавно преговараше со Вест Хем и првичните импресии се дека веќе ги договорил сите детали на состанокот кој го одржал во Англија.

Бидејќи неговата посета на Островот се случи во период кога Спортинг се бори за титулата, голем дел од јавноста во Португалија му забележа на Аморим за непрофесионалниот потег, а сега тој ги прифати критиките и призна дека направил голема грешка.

– Прво, сакам да кажам дека клубот знаеше за моето патување, а второ истото требаше да биде тајно. Трето и најважно, тоа беше голема грешка од моја страна.

– Патувањето и времето кое го одбрав беше комплетно погрешно. Не мислев така во прв момент, но сега сфаќам дека направив грешка. Јас секогаш барам професионалност и посветеност од моите играчи, сум ги казнувал за многу помали работи и сум ги отстранувал од тимот….. Ова е моја грешка и ќе мора да живеам со неа. Им објаснив на играчите, на стручниот штаб и сега треба да продолжиме понатаму. Сакам да им се извинам на фановите на Спортинг, јавно им се извинувам и на играчите за грешката која ја направив, – изјавил денеска Аморим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни