Синоќа Штип беше центарот на Македонија во знакот на вистински музички спектакл – настапот на балканската ѕвезда Дино Мерлин. Неколку десетици илјади посетители со воодушевување ги пееја неговите најголеми хитови како „Кад си рекла да ме волиш“, „Десет млађих“, „Све је лаже“ и „Ране“. Настанот беше повеќе од концерт – целиот град живееше во ритамот на музиката, со мирис на топли пастрмајлии, полни локали и голема раздвиженост низ улиците. ...

Пејачот ги сруши рекордите во Штип Градот под Исарот вчера беше епицентар на музичка магија, а главна ѕвезда на вечерта беше генијалниот Дино Мерлин. Имено, вчера во склоп на „Штипската пастрмалијада“ легендарниот пејач одржа концерт за паметење во Штип. Принтскрин/ Иван Јорданов, ФБ Мерлин беше главна ѕвезда на вечерта, а пред него настапија Елена Ристеска и Владо Јаневски кои исто така воодушевија. Но кога Мерлин се појави пред илјадниците ...