ЕП ги блокира преговорите за членство на Грузија – додека е „пудлица“ на Москва


Преговорите за пристапување во ЕУ со Грузија не треба да се отворат доколку се усвои законот за „странски агенти“, се вели во резолуцијата на Европскиот парламент што  се изгласа денеска. Законот, кој моментално се расправа во грузискиот парламент, ќе воведе ограничувања за граѓанското општество и ќе ја поткопа способноста на независните медиуми да работат слободно.

„Законот ги прекршува препораките на Европската комисија за кандидатскиот статус на Грузија, не е во согласност со вредностите и демократските принципи на ЕУ и е во спротивност со евроатлантските аспирации на грузискиот народ, тесно одразувајќи го законот на Путин. Наместо вистински да ја зајакне транспарентноста и да се бори против злонамерното влијание на Кремљ, предложениот закон ќе ја поткопа слободата на граѓанското општество и медиумите“, нагласува европратеничката Миријам Лексман, која го преговараше текстот во име на групата ЕПП.

„Не и требаат руски закони на земја која сака да се приклучи на ЕУ“, вели Раса Јукневичиена, заменик-претседател на групата ЕПП задолжена за надворешни работи, мислејќи на грузискиот олигарх и поранешен премиер со врски со Русија, Бидзина Иванишвили, која исто така ја основаше владејачката партија Грузиски сон, која се обидува да го смени проевропскиот пат на земјата.

Европскиот парламент со големо мнозинство (425 за, 25 против, 30 воздржани) гласаше за необврзувачки отказ во кој се наведува дека преговорите за пристапување со ЕУ не треба да се отвораат се додека предложениот закон за странски агенти е дел од правниот поредок на Грузија и дека ЕУ треба да ги разгледа санкции за Иванишвили“.

Грузијците веже со денови протестираат против законот во број и со интензитет што некои го нарекоа „револуција“ против актуелната власт по примерот на таа што се случи во Украина.