Поврзете се со нас

Италија

Алберто донесе три големи бода, Лацио останува во игра за ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Екипата на Лацио издвојува победа над Џенова од 1-0 во премиерниот натпревар од 33. коло во италијанската Серија А.

Гостите од Рим имаа само еден единствен шут во рамките на голот на противникот, но тоа се покажа како доволно за три големи бода. Клучниот момент се случи во 67 минута кога Луис Алберто се најде на вистинското место и го постигна петтиот сезонски гол во Калчото.

Интересно е што сите голови на Шпанецот во шампионатот се постигнати надвор од „Олимпико“, односно на гостински терен.

Лацио сега има 52 бода, три помалку од Рома која го држи последното петто место кое води во ЛШ во наредната кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни