Тен Хаг сам си го потпиша отказот: Манчестер јунајтед ниту следната сезона нема да се бори за титулата

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, се чини дека сам си го потпиша отказот на крајот од сезоната со изјавата дека Црвените ѓаволи ниту следната сезона нема да бидат кандидат за титулата во Премиер лигата.

„Кога сите играчите ни се на располагање, реално е да се бориме за едно од првите четири места на табелата. Можеме да бидеме поблиску ако направиме добри рабори во преодниот рок. Потребнни ни се засилувања на клучните позиции во тимот“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед моментно се наоѓа на шестото место со 13 бода помалку и натпревар помалку од четвртопласираната Астон вила која се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести