„Имаше еден млад човек по име Ѓоковиќ или така нешто“: Чудна изјава на познатиот милијардер

АТП турнирот во Букурешт официјално започна во понеделник на 15 април, а интересен настап на прес-конференцијата имаше носителот на лиценцата за споменатото натпреварување, Јон Цирјак!

За време на разговорот со Денис Шаповалов, кој секако е најголемата ѕвезда на турнирот, Цирјак се осврна на Новак Ѓоковиќ, кој исто така настапуваше во романската престолнина на почетокот на кариерата.

Да потсетиме, Цирјак е милијардер и поранешен тенисер, познат и како кум на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, а лиценцата за „Србија опен“ до неодамна ја изнајмуваше на Ѓоковиќ.

– Имаше еден млад човек по име Ѓоковиќ или така нешто, кој немаше доволно пари да тренира во поранешна Југославија, во Србија. Тренираше во Романија, а првиот пат кога сакаше да игра тука морав да му дадам „вајлд-карта“ – му рече Цирјак на Шаповалов и додаде:

-Не го заборави тоа, не го заборави моето име и ме препозна кога ме виде. Три четвртини од неговиот успех се должат на ова место, бидејќи токму тука го добил повикот.