Штипјанецот Зоран Шоров со први места на Меѓународни турнири во Косово и Бугарија

Младиот борач Зоран Шоров учествуваше на два Меѓународни турнири во Косово и Бугарија, каде освои први места, а во Бугарија Шоров беше прогласен и за надјобар техничар.

Шоров на Меѓународниот турнир „Фериз Гури“ во Косово го освои првото место во категорија до 85 килограми, а пак во Пазарџиќ, Бугарија настапуваше во категорија до 75 килограми.

Шоров сега се подготвува за настапат на Европското првенство, а подговките за истото се одвиваат во Штип.

Нашите репрезентати во понеделник заминуваат на Европското првенство кое ќе се одржи во Грција.

Александар Ванев, М-Нет