Поврзете се со нас

Германија

Тензично во Баерн: Кимих и Горецка го критикуваа отпуштањето на Нагелсман, Салихамиџиќ им одговори

Објавено

на

Во објаснувањето на причините за тешката и болната одлука која ја донесе Баерн Минхен за Јулијан Нагелсман, најважните луѓе како Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ ги посочија лошите резултати во Бундеслигата, но и тоа што дел од фудбалерите на првиот тим веќе не верувале во идеите на младиот стручњак.

Брацо Салихамиџиќ на вчерашниот прес индиректно посочи дека Нагелсман ја загубил довербата од соблекувалната и тоа било јасен сигнал за промена, но ваквите зборови на спортскиот директор предизвикаа изјави и од големите ѕвезди Џошуа Кимих и Леон Горецка.

Двајцата демантираа дека Нагелсман останал без поддршка од фудбалерите и на некој начин ја искритикуваат одлуката на водечките луѓе, кои со своите постапки дефинитивно ги шокираа и фудбалерите кои од репрезентативната пауза ќе се вратат во сосема поинаква атмосфера.

– Дефинитивно не, Нагелсман не ја загуби соблекувалната. За жал, Јулијан си оди поради тоа што не победивме на доволен број натпревари, особено во Бундеслигата. Доживеав доста промени на тренери, но за Нагелсман можам да тврдам дека не ја загубил довербата меѓу играчите, не постоеше незадоволство и никој не можеше да замисли ваков крај, – изјави Кимих.

– Би бил глупав ако одам контра замислите на мојот тренер. Мојот однос со Јулијан беше одличен и нависитна сум шокиран. Кога некој со оди од вчера за утре, тоа навистина делува шокантно, – порача Горецка, а утрово добија одговор од Брацо.

– Секако дека одлуката за Нагелсман е тешка за сите, истото важи и за мене. Имав одличен однос со него, но треба да им се постави и следното прашање на Горецка и Кимих: Дали имавме добар тренер? Да! Дали имавме топ тим? Да! Сепак, перформансите не беа добри, перформансите на тимот не беа на ниво. Кимих и Горецка ќе мора да ја сфатат оваа одлука, – возврати Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни