Светот ќе го памти Том Круз по неговиот последен потег: Фотограф доживеа несреќа, а тој…/ВИДЕО

380
EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Несомнено дека актерот Том Круз е едно од најистакнатите имиња во Холивуд, до врвот го издигнаа бројните улоги, а неодамна покажа дека освен што е славен, е и човек со силна емпатија.

Том присуствуваше на забавата на Викторија Бекам по повод нејзиниот 50-ти роденден, а кога пристигна имаше папараци кои сакаа да го фотографираат.

Во обидот да си обезбеди подобра позиција, еден од папараците се сопна на скалите пред влезот и падна.

Откако излезе од автомобилот, Том не се двоумеше ниту секунда и отиде да му помогне да стане, а неговиот потег ги воодушеви обожавателите ширум светот.

Сакаше да се увери дека фотографот е добро
Со помош на еден од обезбедувачите, Круз го крена несреќниот фотограф на нозе. Апаратите блеснаа од сите правци, додека актерот ја проверуваше состојбата на фотографот, по што се упати на прославата која се одржа во приватен клуб во Лондон.

Видео од неговиот потег ги обиколи социјалните мрежи, а коментарите беа повеќе од позитивни:

„Дали вака се однесува ѕвезда? Да, точно. Браво за Том“, „покажа хуманост“, „честитки“, беа само дел од коментарите.