Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт: Белингам е фрустриран, нашиот успех нема да зависи од него

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Герет Сајтгејт се дистанцираше од гласините кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед и посочи дека е фокусиран само на Европското првенство кое следи претстојново лето, на кое ќе има многу важна задача како предводник на англискиот тим.

Англичаните имаат извонредна генерација на млади фудбалери и важат за едни од фаворитите за највисок пласман, а ако се направи реална споредба на тимот кој го имаа пред три години, актуелниот изгледа уште подобро со име како Џуд Белингам во стартната постава.

Младата ѕвезда бележи стратосферски напредок во Реал Мадрид и брилијантно се адаптираше во „кралскиот клуб“, меѓутоа Саутгејт вели дека клучот за успех е тимското функционирање и сплотеноста како целина, а не барањето на индивидуални квалитети.

– Белингам се уште е младо момче и ситуации како оние во последните неколку недели влијаат врз него. Последниот период беше тежок за него, имаше повреди и заработи црвен картон.

– Џуд е фрустриран и малку нервозен, но среќни сме што го имаме во тимот и треба само да му помогнеме. Исто така, не треба да се заборави дека има само 20 години. Нашиот успех како тим ќе зависи од нашата група, а не од него, – изјави Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни