ПСВ ја совлада Спарта Ротердам и ја освои 25. титула во холандскиот шампионат

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја осигураа 25. титула во холандскиот шампионат откако денеска на домашен терен во 32. коло славеа над Спарта Ротердам во еден интересен натпревар со 4-2.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со голот на Метињо во 8. минута. 1-1 беше со автоголот на Бакари во19. минута, додека домаќините целосен пресврт направија со погодокот на Бакајоко во 26. минута. Ново израмнување гостите донесоа (2-2) со автоголот на Боскаљи во 29. минута. 3-2 беше во 67. минута кога Боскаљи овојпат стрелаше во противничката мрежа, додека конечните 4-2 беа дело на Тезе во 78. минута.

Со овој трофеј тимот од Ајндховен останува на второто место на вечната листа со 25 трофеи, односно 11 помалку од најголемиот ривал Ајакс.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...