Скопје

(Видео) Отпушоци и отпад колку сакаш на скопскиот плоштад: запрепастувачка слика од изгледот на местото

Искршени плочки и светла од подната фонтана, отпушоци и отпад меѓу решетките на плоштадот, куќарки од Нова Година заборавени наоколу, исклучени фонтани зјаат со мушами. Исклучени се и звучниците од кои некогаш имаше тивка музика, а сега има само возрасен човек кој чука на тарабука во ритамот на странски песни. Ваква е сликата на скопскиот плоштад, каде секојдневно има десетици но и стотици туристи.

За време на викендите, има и куп граѓани кои со семејствата излегуваат да се проштетаат и фотографираат – но глетката е запрепастувачка. Најголемите забелешки се за хигиената, бидејќи купишта смет има наоколу, а особено меѓу решетките кај фонтаната со споменикот на Александар Македонски.

Единствена новина е поставените нови клупи во делот на улица Македонија.

На почеток