Нивниот тим загуби дома, но по мечот илјадници фанови истрчаа на теренот за да слават (Видео)

Екипата на Болтон се пласираше во финалето од плејофот за пласман во Чемпионшип, откако по двомечот беше подобар од Барнсли со 5:4. Болтон на првиот меч на гости победи со 3:1, а синоќа во реваншот пред своите навивачи загуби со 2:3, но и тоа беше доволно за пласман во финалето кое ќе се игра на „Вембли“.

Болтон водеше со 2:1 на свој терен, но Барнсли направи пресврт во вториот дел и победи со 3:2, но тоа беше недоволно за гостите. По последнито свиреж на судијата, илјадници навивачи на Болтон втрчаа на теренот за да прослават.

Пред Болтон сега е само уште еден меч за да се најдат во Чемпионшип. Тие го чекаат подобриот од двомечот меѓу Оксфорд и Питербро. На првиот меч Оксфорд победи со 1:0, а вечерва се игра реваншот на теренот на Питербро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести