Спорт
Парма се врати во Серија А
Со нерешениот резултат 1:1, на стадиното „Свети Никола“ против Бари, Парма се врати во Серија А. Култниот италијански клуб, на две кола до крајот на сезоната во Серија Б има седум бода повеќе од третопласираната Венеција.
Историјата на Парма во последниве години беше сè само не сјајна. Клубот згасна, па повторно оживеа во 2015 година.
Во следните три години, Парма стана првиот клуб кој остварил промоција во повисок ранг во три последователни сезони и успеа да се врати во Серија А, каде што остана до сезоната 2020/21, Во таа сезона забележа само три победи и повторно испадна во понизок ранг.
Минатата година навивачите беа разочарани по плеј-офот, а сега Парма го обезбеди најмалку второ место и враќање во елитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул објави дека се раздели со двајца фудбалери
Ливерпул во новата сезона ќе влезе без Јирген Клоп, но и без неколку играчи. Клубот досега ги потврди се заминувањата на Жоел Матип и Тиаго Алкантара.
Жоел Матип (32) летово ќе се прости од Ливерпул по осум сезони. Дефанзивецот беше меѓу првите засилувања во ерата на Јирген Клоп, кој го донесе Камерунецот од Шалке.
Тој забележа 201 настап, постигна 11 гола, освои седум трофеи.
„Не сум сигурен дека би било можно да се каже нешто лошо за него. Прекрасен професионалец, прекрасен фудбалер и прекрасно човечко суштество, бевме благословени што го имаме со нас толку долго, а сега се што можеме да направиме е да му посакаме најдобро во неговиот нов предизвик“, изјави Клоп.
Покрај Матип, заминува и шпанскиот играч за врска Тиаго Алкантара. Тој помина четири сезони во клубот, поради повредите одигра само 98 натпревари, постигна шест гола.
„Пред да дојде во Ливерпул, верував дека ако навистина го сакате фудбалот, ќе има смисла да гледате како игра Тиаго Алкантара“, изјави Јирген Клоп.
„Технички, тој е толку, толку добар. Талент кој може да игра во која било екипа во светот и беше привилегија да го имаме со нас“, додаде Германецот.
Спорт
Реал одбил 45 милиони евра за Арда Гулер
Арда Гулер, минатото лето за 20 милиони евра пристигна во Реал од Фенербахче. На почетокот се мачеше со повредите, на крајот забележа 11 настапи, мина на теренот 350 минути, тоа му беше доволно да постигне четири гола и да придонесе за 36. титула на Реал.
Гулер доби шанса од Карло Анчелоти да биде стартер во финишот на сеозната, кога Реал ја обезбеди титулата. Се шпекулираше дека наредната сезона би може да биде позајмен во друг клуб за да стекне искуство, а шпанските медиу и тврдат дека Арсенал испратиле понуда од 45 милиони евра за да го откупат неговиот договор.
„Арда дефинитивно ќе биде овде и следната сезона“, изјави Анчелоти отфрлајќи секаква можност за продажба на Турчинот.
„Навистина ми се допаѓа како играч. Сите знаеме дека е со врвен квалитет и талент. Тој е малку ограничен во играта без топка. Таму мора да се подобри и тоа е она што го прави”, изјави претходно Анчелоти по еден натпревар.
По завршувањето на сезоната Арда Гулер ќе им се приклучи на колегите од турската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во Германија.
Спорт
Крај на сезоната за Едерсон – херојот Ортега ќе брани во последното коло
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, нема да може да им помогне на соиграчите во наредниот период поради мала фрактура што ја заработи на натпреварот со Тотенхем.
Бразилецот беше заменет по судир со стоперот на противничката екипа Кристијан Ромеро.
Во моментот кога беше заменер, Едерсон го искажа своето незадоволство од одлуката на тренерот Пеп Гвардиола.
Едерсон ја напушти играта во 69. минута, му го препушти местото Стефан Ортега, кој блескаше во преостанатиот дел од натпреварот и имаше голем придонес за победата на Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола го зазедоа првото место на табелата откако го совладаа Тотенхем со 2:0. Ортега, два пати го запре Дејан Кулушевски, а во 84.минута веројатно ја имаше одбраната на сезоната кога го запре ударот на Хјунг-Мин Сон во ситуација еден на еден при резултат 0:1.
Сити во последното коло ќе влезе со два бода повеќе од Арсенал. Во недела Сити ќе го пречека Вест Хем, а Арсенал ќе игра против Евертон.