Петмина мртви од кои две деца се пронајдени во куќа во САД

од Симе Стоиков

Пет мртви тела, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.

Наредникот Гери Најт вели дека тоа било убиство.

„Не станува збор за несреќа од типот на труење со јаглерод моноксид. Тие беа убиени“, додаде тој.

Најт рече дека меѓу жртвите има маж и жена, пишува Sky News. Началникот на училиштата во областа Мустанг, Чарлс Бредли, рече дека другите две жртви биле ученици, додека петтата неодамна дипломирала.

Според извештајот на локалниот весник Оклахоман, телата ги пронашол десетгодишно момче. На телото на мажот бил пронајден пиштол.

Слични содржини