Свет

Апокалипса: Торнада беснеат низ САД, уништени домови, воз излета од шините

Бран торнада уништуваат се пред себе, глетката е стравична.
Стотици домови се буквално унштени од серијата торнада кои погодија делови од Централна Америка.

Надлежните најавуваат црвен аларм за ново невреме. Метеоролозите за денеска предвидуваат силен ветер, дожд и град, а нови торнада се очекуваат во делови од Ајова, Канзас, Мисури, Оклахома и Тексас.

Едно од најсилните торнада го погоди градот Омаха во Небраска, каде живеат повеќе од 480.000 луѓе.

В друг дел на САД, воз со 31 вагон излета од шините поради торнадо.

Засега нема податоци за можни смртни случаи.

На почеток