Поврзете се со нас

Шпанија

Педри обелодени детали од говорот кој го имал Лапорта на денешниот тренинг

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Педри се врати во вистинско време на фудбалскиот терен и неговата импресивна асистенција ја најави победата на Барселона на гостувањето во Париз, па сега каталонците ќе треба да ја довршуваат работата на домашен терен.

Барса утре ќе го пречека ПСЖ во реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите и Чави ќе може да располага со клучни играчи како Педрри и Де Јонг, а посебно клучен во нападот се очекува да биде овој првиот.

Педри му правеше друштво на Чави на денешниот прес и даде свое гледиште за натпреварот кој сите го очекуваат на „Монжуик“, но истовремено откри и детали од денешниот тренинг.

Жоан Лапорта им правел друштво на Чави и фудбалерите и имал краток говор пред тренингот, а Педри на новинарите им обелодени каква порака добиле од претседателот.

– Жоан Лапорта побара од нас да ја оставиме душата на теренот. Знае дека ќе го направиме тоа, но не потсети дека треба да излеземе на теренот со желба да им донесеме радост на нашите навивачи. Ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме фановите на Барселона, – изјави Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни