Македонија Гостивар

Образовните работници сакаат промени и достоинствен статус во општеството

Дафина Стојаноска им порача дека сето ова има шанса да се измени, а првата е на 24-ти април, кога токму овие луѓе треба да ја поддржат една од најугледните универзитетски професорки во Македонија и надвор.

Образовните работници сакаат промени и достоинствен статус во општеството

Вчера во Гостивар се одржа средба на општинската и централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

На истата присуствуваше и претседателката на ЦКОН проф. д-р Весна Јаневска и пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

-Образованието, како темел на општеството, со актуелната власт, стаса до маргините на опстанок, велат просветните работници од Гостивар.

Професорката Јаневска пред нив ја промовираше кандидатката за претседател проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и говореше за сета штета која оваа власт  му го нанесе на образованието.

Дафина Стојаноска им порача дека сето ова има шанса да се измени, а првата е на 24-ти април, кога токму овие луѓе треба да ја поддржат една од најугледните универзитетски професорки во Македонија и надвор.

Најнови вести од Македонија

To top