🎥 Белград како воена зона: Хулиганите на Црвена Звезда и Партизан со жестока пресметка

од Симе Стоиков

Навивачите на Црвена звезда и Партизан се судрија на денот на 173-то вечно дерби кое ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“.

Звезда од 18:00 часот го пречекува Партизан на својот стадион, а ова беше грд вовед во тој меч кој може да го реши прашањето за освојувачот на титулата.

На видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи може да се виде како летаат остри предмети, а хулиганите имаат палки и шипки.

Се слушале и истрели, а полицијата брзо интервенираше. Очекувано имаше и апсења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Српските медиуми јавуваат дека има повредено како навивачи од двете страни, така и полицајци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Слични содржини