Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата води со повеќе од 2:1 пред кандидатот на СДСМ, брифираат од најголемата опозициска партија. Според неофицијалните податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, по обработени 13,44% од избирачите (243 779 од вкупно 1 813 455) односно 30,23% од обработените избирачки места, резултатот е следен:
- Гордана Силјановска – Давкова – 109 692 гласа;
- Стево Пендаровски – 48 553 гласа;
- Бујар Османи – 28 542 гласа;
- Арбен Таравари – 19 227 гласа;
- Максим Димитриевски – 18 432 гласа;
- Билјана Ванковска – 11 033 гласа;
- Стевчо Јакимовски – 2 482 гласа;
- неважечки ливчиња – 5 813 гласа.
Во проценти, Силјановска-Давкова има околу 45% од гласовите на оние што излегле да го остварат гласачкото право. Стево Пендаровски, според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, има околу 19% од гласовите. Бујар Османи има околу 13%, додека сите други кандидати имаат под 10%.