Контролниот инспекциски надзор на ДСЗИ покажа дека двовластието во Токсикологија продолжува.
11-те лица на кои им е истечен договорот за работа се уште одат на работното место и незаконски даваат здравствени услуги. Ваквата контрола на Државниот санитарен и здравствен инспекторат следеше по вонредниот инспекциски надзор.
Надзорот течел со преведувач со директорката Бесија Иљази. За денеска беше закажан и вонреден состанок на управниот одбор на Токсикологија. Клиниката за само еден месец ја тресеа неколку скандали. Од обиди за лажирања на резултати, преку зголемување на долговите, до закани за разрешувања на медицинскиот директор.
Се поплави и третиот кат на објектот, а се уште нема одговорен за случајот и зошто клиниката немала осигурување како што тврдеа дел од лекарите.