Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот програмски координатор и едукатор, истите ќе ги доработат и усовршат.
Од подготвените дела ќе се публикува соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори.
Срип-рабoтилниците се дел од активностите на Стрип центарот на Македонија-Велес, во рамки на проектот „All we are saying is give inclusion a chance!“. Во тек е вториот повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд, во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе, без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.
На крајот е предвидено да се организираат и пет изложби низ државата.
Освен делата од оваа стрип работилница, ќе бидат претставени и најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема. Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро.