Македонските граѓани нема да имаат никакви дополнителни обврски при нарачките од ТЕМУ и по донесувањето на законот со кој и пратките до 22 евра ќе бидат оданочени со ДДВ. Цената што ќе ја гледаат на страниците е таа и што ќе ја платат како крајни корисници, без никакви дополнителни обврски за плаќање, чекање на шалтери или чекање за подигнување во канцелариите на поштенските компании. Ова оданочување, што треба да се изгласа до крјаот на месецов ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека Македонија ќе ја следи практиката на ЕУ околу царинењето на пратките од Тему и другите онлајн платформи преку кои се набавуваат евтини производи од Кина. Со оглед дека во ЕУ веќе има постапка за воведување царини на евтиниот увоз од Кина преку е-трговијата, тоа значи дека и Македонија во догледно време ќе воведе иста таква мерка. Од друга страна, според Димитриеска Кочоска, ...