Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц се врати и го предизвика Ферстапен, шампионот сепак ќе стартува прв и во Австралија

Објавено

на

foto:twitter.com/Max33Verstappen

Карлос Саинц ја пропушти претходната трка во Формула 1 шампионатот, но враќањето го одбележи со одлични квалификации во Австралија, каде за малку испушти пол-позиција.

Пилотот на Ферари беше најбрз во првата и втората квалификациска сесија, но во решавачката не успеа да извози побрз круг од актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Болидот на Ред Бул беше побрз за 0,27 секунди, со што Ферстапен стигна до нова пол-позиција, а од вториот ред ќе стартуваат Серхио Перез и Ландо Норис.

Шарл Леклер мора да се задоволи само со петтата позиција, додека зад него е Оскар Пјастри од Мекларен.

Луис Хамилтон не влегол ни во најдобрите десет и ќе стартува како единаесетти, додека Џорџ Расел ќе почне од седмата позиција.

Првата десетка ја заокружуваат Цунода, Строл и Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни