Top Sport

Дончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА

Лука Дончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Словенецот зад себе има брилијантна сезона, се наоѓа во во потесниот круг за МВП наградата.

Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања.

Дончиќ со 25 години е најмладиот добитник на оваа награда по Кевин Дурент во сезоната 2011/12.

Далас Маверикс завршија петти на Западот и во првата рунда од плеј-офот ќе играат со Лос Анџелес Клиперс.

Scroll to Top