Министерство за здравство во Газа: Алармантен број луѓе заболени од хепатитис и менингитис

Од:

Министерството за здравство на Газа предупредува дека тешките инфекции брзо се шират во енклавата поради нехигиенските услови, вклучително и отпадните води кои се излеваат на улиците и недостатокот на вода за пиење.

Министерството особено го истакна алармантното зголемување на случаите на хепатитис и менингитис и апелираше за итна поддршка од „сите релевантни национални, меѓународни и хуманитарни институции“, објави Ал Џезира.

Лекарите и хуманитарните работници предупредуваат на епидемии, со оглед на тешката хуманитарна ситуација и здравствениот систем на „опколената“ енклава, која е на колена.

Би можело да ве интересира

Израелско воено радио: ИДФ ја започна евакуацијата на палестинските цивили од Рафах

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане