Се појави несекојдневна приказна за фудбалската ѕвезда! На тренинг доаѓал пијан после лудите журки и играњето покер: Ги малтретирал соиграчите (фото)

Престижниот француски весник „Л’Екип“ го погледна престојот на Нејмар во Париз Сент Жермен и откри шокантна приказна за крајно срамното однесување на славниот Бразилец.

Нејмар помина шест години во францускиот клуб. За ПСЖ одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и забележа 77 асистенции. Имаше импресивни бројки, но често пропушташе натпревари поради повреди… Навивачите веруваа дека Бразилецот ќе им ја донесе титулата европски првак, но тоа не се случи.

Пет пати го освојуваше францускиот шампионат, три пати Купот на Франција, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.

Нејмар

Еден француски весник се осврна на неговиот престој во Париз и откри дека се однесувал непрофесионално.

,,Ужасно се однесуваше со Витиња. Португалецот секогаш велеше дека тоа не е вистина бидејќи е добар и не сака да влегува во неволја, но Бразилецот неколку пати го навредуваше“, тврди „Л’Екип“.

Наводно, Нејмар често доаѓал на тренинг во алкохолизирана состојба. Постојано беше под дејство на алкохол и играше покер.

Да потсетиме, Бразилецот во 2017 година дојде во ПСЖ од Барселона во најскапиот трансфер досега – 222 милиони евра. Минатата година тој го напушти клубот и се пресели во АЛ Хилал за 90 милиони евра, но сепак заработи тешка повреда на коленото и ја пропушти речиси цела сезона.