Connect with us

Фудбал

Посакуваат смрт на моето неродено бебе, ја навредуваат жена ми-Ѕвездата на Барселона ја отвори душата, навивачите го нападнаа по мечот со Реал Мадрид

Барселона го загуби дербито во последните минути против Реал Мадрид (2:3). Џуд Белингем постигна гол за победа на Реал во Мадрид (3:2), а многумина го гледаат Жоао Кансело како еден од главните виновници за поразот. Дефанзивецот на гостите се најде на мета и на своите навивачи.

Некои од нив претераа, па испратија коментари кои ја надминаа секоја мерка. Деталите за тоа ги откри по натпреварот.

„Има коментари во кои сакаат смрт на мојата неродена ќерка. Не ми го кажуваат тоа в лице, туку во коментарите ја навредуваат мојата сопруга, нероденото бебе. Посакуваат смрт на бебе, а тоа е многу сериозна работа. “ изјави Кансело, кој додава:

-Едно е да си незадоволен од игрите на еден играч, да му посакаш да си замине, да го напушти клубот и слично, но такви работи се навистина неприфатливи.