Македонија
Обезбедено доволно количество крв за повредените од Кочани што се наоѓаат во Бугарија

Благодарение на огромниот бран сочувство за жртвите од трагичниот инцидент во градот Кочани, Република Северна Македонија, во оваа фаза се обезбедени потребните количини крв и крвни продукти, извести „Бгнес“.
Во моментот достапните резреви се на оптимално ниво, а капацитетот за обработка и складирање е привремено исполнет.
Бугарските медиуми пренесоа дека само во вторникот над 600 луѓе дарувале крв во центрите во земјата. Во Бугарија се лекуваат 15 повредени во пожарот во Кочани, меѓу нив и деца и млади.
Бугарскиот Црвен крст утрово информира дека лекувањето на повредените млади ќе биде долгорочно, потребата од крв е динамична и може да се јави во секоја наредна фаза од нивното лекување. Националниот центар за трансфузиона хематологија се залага за редовно ажурирање на потребата од крв и крвни продукти, а доколку повторно се појави потреба од крв, бугарскиот Црвен крст ќе организира крводарителска акција.
„Бугарскиот Црвен крст изразува искрена благодарност до сите што се одѕваа на повикот и даруваа крв! Вашата хуманитарна помош е непроценлива и докажува дека човечката солидарност и емпатијата ја докажуваат силата на заедницата. Им благодариме на Министерството за здравство, Националниот центар за трансфузиона хематологија, Универзитетската болница за трансфузија на крв ‘Н.И. Пирогов’ и на регионалната Медицинска академија за хематологија за трансфузија. Уште еднаш – им благодариме на сите што веќе се вклучија во крводарителската акција!“, се вели во соопштението на бугарскиот Црвен крст денеска дистрибуирано преку медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

„Луѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса.
Но,знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи“, напиша Никола Перевски – Пере на социјалните мрежи.
„Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе“, пишува Пере.
Македонија
(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви, извести градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој апелираше на свест и совест кај граѓанството.
„Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, додаде струмичкиот градоначалник.
„Пожарот беше јавен околу 14 часот, излезе една екипа, но самиот ветер си го направи своето. Побаравме помош и од соседните градови и благодарни сме на колегите кои ни помогнаа“, изјави Александар Гудев, командир на Територијала противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, за пожарот во Струмичко.
Македонија
Пожарот во Струмичко ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендици.
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.
При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.