(ВИДЕО) Катастрофа! Се судрија хеликоптери, многу загинати! Објавена страшна снимка од моментот на несреќата!

Десет лица загинаа кога два воени хеликоптери се судрија во воздух за време на проба за парада на кралската малезиска морнарица.

Сите 10 загинати се членови на екипажот на хеликоптер кој учествувал во несреќа во поморската база Лумут во западната држава Перак, соопшти малезиската морнарица, а пренесе Ројтерс.

Смртта на сите жртви е констатирана на лице место, а нивните тела се испратени на идентификација во болницата во воената база Лумут.

По страшната несреќа почнаа да се шират видеа од страшниот настан.

Имено, на видеото можете да видите неколку хеликоптери како полетуваат, каде во еден момент двe летала се одвојуваат на едната страна, се судираат и паѓаат.

Од нив почнува да излегува густ чад, а деловите им паѓаат на земја.

Се верува дека еден од хеликоптерите, ХОМ М503-3 со седум лица, паднал на патека за џогирање, додека другиот, „Фенек М502-6“ во кој се превезувале другите три жртви, паднал во блискиот базен.