Дуро: Добро е што израмнивме со Брегалница, тоа го задржува мотивот кај играчите

Струга ТЛ со гол од пенал во финишот успеа да се извлече од пораз на дуелот против Брегалница пред своите навивачи.

Шефот на стручниот штаб на стружани, Шпетим Дуро вели дека очекувале секако три бода од тој дуел, но на крај е добро што неговиот тим успеа да израмни затоа што тој бод останува како добар мотив за се што ги очекува до крајот во битката за одбраната на шампионската титула.

„Ако се погледне првото полувреме, се чинеше дека ќе биде тоа лесен натпревар за нас, посебно по голот на Шабани пред крајот на првиот дел. Но, се се промени во второто полувреме. Брегалница играше мудро со брзи контранапади, и на крај добро е и што израмнивме и освоивме бод од овој натпревар, кој не задржа на првата позиција. За нас е тоа важен бод затоа што го задржува мотивот на фудбалерите, на целиот тим, да се бориме до крај за одбрана на титулата, да не го загубиме тоа што го имаме во моментов“ – вели Дуро.

Струга ТЛ сега е само со бод предност на врвот во однос на второпласираниот Шкупи, и три бода пред Шкендија.

Се вчитува...