Поврзете се со нас

АТП

Синер и Алкарас мораа да прават пресврт, Шпанецот се „коцкаше“ во дуелот со Штруф

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MutuaMadridOpen

Јаник Синер и Карлос Алкарас мораа да играат три сета за да обезбедат следна фаза на Мастерсот во Мадрид, а денеска добија сериозен испит во дуелите со Карим Хачанов и Јан Ленард Штруф.

Хачанов поведе против Синер, но италијанскиот тенисер ги доби вториот и третиот со 6:3 и обезбеди место во четвртфиналето на престижниот турнир.

Алкарас се намачи повеќе против расположениот Штруф, иако имаше водство од 1:0 во сетови, 5:3 и четири меч топки во третиот сет. Германецот успеа да направи пресврт и да израмни преку тај-брејк, а тај-брејк го решаваше и победникот на мечот.

Шпанецот во него поведе со 3:0, Штруф стигна до 4:3, но до крајот Алкарас ја презема контролата и го доби со 7:4 за место во следната фаза.

Следен противник на Алкарас ќе му биде Рубљов, додека Синер ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Руд и Оже-Алиасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни