Навивачите на Барселона успеаја да го избркаат Араухо: Веќе договорен неговиот нов клуб!

Роналд Араухо до неодамна беше најавуван како идниот капитен на Барселона. Но, сето тоа само до реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, кога само една глупост промени се околу неговиот статус во тимот.

Барселона имаше предност од 3-2 по првиот меч во Париз, имаше и водство од 1-0 на домашен терен, но тогаш Араухо направи непромислен црвен картон па Каталонците беа приморани повеќе од еден час да играат со фудбалер помалку. Сето тоа резултираше со фијаско, пораз од 4-1 и елиминација во Лигата на шампионите.

Араухо по мечот се соочи со жестоки критики од навивачите кои побараа и негово заминување од клубот. Тоа донесе веќе деновиве менаџерите на одличниот стопер да се активираат во преговори за негов нов клуб, кои секако веќе траат од поодамна.

Доцна синоќа е објавено од страна на каталонската ТВ3 дека менаџерите на 25-годишниот Араухо се во завршни преговори за негов трансфер во Баерн Минхен ова лето. Неговиот договор со Барселона завршува во јуни 2026 година. Претходно се спомнуваше можност за продолжување на истиот, но по дебаклот од ПСЖ ситуацијата комплетно се промени.

Се вчитува...