Автомобилот на исчезнатиот фризер од Велес е пронајден опожарен во скопско, од него нема траг!

0
273

Пред два дена во скопското село Бразда бил пронајден автомобилот на Панче Жежовски, 74-годишен фризер од Велес, кој е исчезнат од средата.

Возилото било целосно опожарено„на 27.11.2023 било пријавено дека во 15.40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од полициското одделение мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. Од Велес, за кој на 24.11.2023 во свр велес беше пријавено дека се оддалечил од домот- велат од МВР… Панче Жежовски, велешанец на возраст од 74 години, без здравствени проблеми, недостапен е за семејството веќе осми ден, односно од средата му се губи секаков траг.