Search
Четврти Скопски поетски фестивал

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“

Во рамките на Четвртиот Скопски поетски фестивал се распишува повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“.

„Драги наши, продолжуваме со поддршката за младите поети, за вас што можеби веќе сте се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, сте објавиле прва стихозбирка или сте настапиле на некое поетско читање, но и за вас што не сте направиле ништо од сето тоа досега, давајќи ви шанса да бидете прочитани, видени и слушнати на настанот подготвен само за вас„ велат од Скопскиот поетски фестивал. 

Како и минатите години, така и оваа, врз основа на испратените песни ќе бидат избрани учесниците на „Отскочна даска #3“, а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот/најдобрата, односно, ќе се изгласа кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на четвртото издание на Скопскиот поетски фетсивал ќе чита како претставник на најмладата генерација заедно со другите повозрасни и етаблирани поети.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија, фотографија со висока резолуција и две свои песни во Word на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 13-ти мај. 

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 20 мај на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 29 мај, со почеток од 20 часот..

Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, е финансиски поддржан од Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и кафе-книжарница „Буква“. @bookva.mk.

Најново

Последни колумни