Во среда, 8. мај, прстот на умот: да го дефинираме патот на земјата кон ЕУ

Во среда, со среќа, и со Господ напред, пост – велигденски, убаво дотерани и расположени, што поради тридневниот празник и продолжениот викенд, што поради двојното гласање на парламентарните и вториот круг претседателски избори, излегуваме да ги наполниме гласачките кутии.

Честитки и најубави желби до потенцијалните гласачи, честитки за празникот – најголем кај верниците од православниот христијански свет.

Честитки и до сите, на кои, празникот им е и именден, честитки и до себе си ! Зошто и да не!? И Господ, најнапред, брада си направил на себе, па, отпосле, на останатите!

Во среда, да излеземе на гласање масовно, да ги наполниме гласачките кутии – МАКСИМАЛНО (што би рекол Максо), до врвот, до покривот – ДО ШИШКА!

Сите зад параваните, да го заокружиме изборниот процес, а, околу ЗАОКРУЖУВАЊЕТО – “куд кој, мили мој”!

Имаме понуда, имаме избор – ДА ИЗБЕРЕМЕ!

Да избереме и да имаме претседател, како секоја асолна земја, да избереме пратеници кои, после тоа, ќе изберат влада.

Без претседател и без влада, не ја бива!

На бојкот да не помислуваме, зашто ќе немаме нова прилика за да се премислуваме.

Што и кој да избереме, ќе биде подобро од сегашнава ТЕХНИЧКА, ПРЖИНСКА, СПРЖЕНА СИТУАЦИЈА.

Ако има и такви кои мислат дека “техникава!” со сегашниов премиер и спикер, ја заслужуваме како граѓани на 21. век, тогаш, подобро да не нема!

А токму тоа може да ни се случи – НАЈЛОШОТО, доколку Албанците подлегнат на калкулациите од “командантите” на Али Ахмети и се определат за седење дома.

Зоти Џафери, пријател ми е, се почитуваме, ама, нема да им биде никаква утеха.

Ако, пак. некој од Македпонците, посебно од левицата и “најпосебно!” од СДСМ, помисли на неизлегување, само и само да не победи професорката (“ма ајде, ви се молам!”) и дека утеха и компензација, ќе им биде сегашниот спикер…”ма, ајде ви се молам”!?

Затоа, братчиња и сестричиња, другарки и дриугари, дами и господа – на 8 мај, редици пред гласачките места!

Да го дефинираме патот на земјата кон ЕУ!

Пред таа одговорност се (условно кажано!) и десничарите – конзервативни (оличени во ВМРО ДПМНЕ) и проевропските левоцентристичките социјалдемократи (пресликани во СДСМ), но, и максималистите на Максо, петокрака – левичарите, на Апасиев, европската авангарда на зоти А(х)мети, Вленот на Таравари…

Без масовно излегување ни нема спас, Таравари ќе го читаме, како, корени и “трава” вари, иако, “ од иднината не се откажуваме!” (ма каква и да била таа – СДСМ!), а, од ВМРО ДПМНЕ, со нови рамки и ….ќе не вадат од „ќор-сокакот меѓу владата и опозицијата кој трае две години, околу тоа како земјата да се справи со соседна Бугарија која го блокира нејзиниот пат кон членството во ЕУ“.(„Еурактив“).

Дај боже, ама да не биде “не умри магаре до зeлена трева!”? Коцките ни се разместуваат, наместо да ни се склопуваат. И самиот бев дел од делегацијата која во Даблин ја однесе, ама НЕ ЈА ПОДНЕСЕ апликацијата на Македонија, како кандидат за членство во ЕУ!!!!

Падна, или, оние што, демек, пекаат за нас по западните “страни”, го “самопаднаа!” авиoнчето на Трајковски!

Успеавме во вториот обид, 2005 –та. “Минаха многo години”, од 2020 година, ние, демек, преговараме со Брисел, а не со “столицата”, ама “Бугарија побара од ЕУ да постави одредени барања за членство на Македонија, што “скапите!” пријатели – бриселски бирократи, го прифатија, со што го членството на Македонија го ставија, речиси целосно, во рацете на Бугарија!”( ХЛН. „Хет Лацте Њуз“).

Затоа, пријатели, прстот на умот!

Угоре високо – удолу длабоко!

По пат подам, мале, за пат прашвам, кој пат води, мале, за Мариво!?

За Мариово, мале, село Здуње!

Веле Митаноски

 

Back to top button
Close