„Сум била 30 пати во Северна Кореја и тоа е сосема нормална земја – но има строго правило што треба да го следат сите туристи за си немаат проблеми

Британката Зои Стивенс (31) од Ливерпул тврди дека Северна Кореја не е толку „страшна“ како што светот мисли. Таа ја посетила земјата дури 30 пати од 2016 година наваму и водела туристи од Велика Британија, Германија, Холандија и Австралија. Споделувајќи видеа од своите прошетки низ Пјонгјанг на TikTok, Зои прикажува што значи „нормален живот“ таму – и покрај тоа што многумина ја обвинуваат дека шири пропаганда.

Таа вели дека сака да ја покаже човечката страна на земјата, а не само политичката. „Луѓето си живеат нормален живот. Сакам да одам на планинарење, да пијам кафе, да си направам фризура во Пјонгјанг – сосема обични работи“, вели таа.

 

„Сум била 30 пати во Северна Кореја и тоа е сосема нормална земја - но има строго правило што треба да го следат сите туристи за си немаат проблеми

Правила за туристите – што мора да се почитуваат

Иако ја прикажува земјата како мирна, Зои отворено зборува за строгите правила кои мора да се следат. Секој турист мора да има двајца водичи, не смее да патува сам, и не смее да фотографира војска, градилишта или да прави шеги со споменици на лидерот Ким Џонг Ун.
„Секогаш пред турите имам едночасовен брифинг со туристите за да им ги објаснам правилата и да ги заштитам“, објаснува Зои.

Правила за туристите – што мора да се почитуваат

Туризмот повторно оживува по короната

Северна Кореја ги затвори границите во 2020 година поради пандемијата и не прими странци речиси пет години. Властите дури во 2022 официјално признаа случај на ковид. Сега, границите повторно се отворени, а Зои беше меѓу првите што повторно влегоа во земјата.

Турите обично почнуваат во Пекинг, Кина, и потоа продолжуваат кон Пјонгјанг. Пред влез во земјата, туристите мора да ги запишат сите електронски уреди што ги носат – листата мора да се совпадне при излезот од земјата, за властите да бидат сигурни дека не сте оставиле ништо „политички чувствително“.

 

Туризмот повторно оживува по короната

„Нормални луѓе, нормален живот“ – но без интернет, банкомати или слобода

Иако Зои прикажува позитивна слика, Северна Кореја е една од најзатворените и најсиромашните држави во светот. Нема пристап до интернет, мобилна мрежа е ограничена, а банкомати практично не постојат. Земјата е позната по својата диктатура, политички затвореници и ограничени слободи.
Зои сепак инсистира дека не се чувствувала небезбедно и дека народот е најубавото нешто од целото нејзино искуство. „Можеби изгледа како пропаганда, но тоа се само луѓе кои живеат свој живот“, вели таа.

 

„Нормални луѓе, нормален живот“ – но без интернет, банкомати или слобода

И други западњаци го откриваат „тајниот свет“

Зои не е единствена. Британскиот YouTuber Мајк О’Кенеди неодамна патувал пет дена во Северна Кореја, во специјалната економска зона Расон. Посетил фабрика за вода без работници и гледал деца како изведуваат песна за Ким Џонг Ун.
И тој морал однапред да ја организира целата тура и на граничниот премин да ги наведe сите свои уреди. „Не сакаат да внесете книга за Северна Кореја или USB со политички содржини“, вели тој. Прозорците во авионот дури морале да бидат затворени за да не го гледаат пејзажот одозгора.

 

И други западњаци го откриваат „тајниот свет“

  • Васе напиша:

    И бивша СФРЈ беше на некој начин диктатура со другарот Тито на власт 50 години!
    Но беше безбедно!!! Децата сами си одевме во школо и си игравме на улица. Криминал чак-пат.
    Сега е демократија нели? Ај, пушти ги децата сами да си одат во школо? Тука е дедо и баба.
    Секоја 2 куќа купија куче. Да пршеташ низ маало, како да одиш во некое село.
    А децата си седат дома! Безбедно е. Ако си играат, обавезно 1 родител ги чува, да не ги киднапираат!!!

  • Sinisa напиша:

    Menjam deset “demokratski” segasni Severni Makedonii za edna ” nedemokratska” za vreme na Tito vo sostav na Jugoslavija so nejnoto pravo ime MAKEDONIJA. Alcnosta na makedonskite politicari od osamostojuvanje na Makedonija pa se do denes ja ukina pravdata, slobodata, ednakvosta i bezbednosta na gradjanite na Severnata. Im zaviduvam na Severno Korejcite.

    • Surtuk напиша:

      Се согласувам. Јас сум од тие безгрижни генерации… Ме привлече текстот, ќе откажам одмори, плажи и уживање за да се потсетам како изгледа да живееш слободно под диктатура на пролетаријатот. Убаво, ограничено воедно забавно да трчаш низ населба со штафета… Без допинг со срце

  • Жика техника напиша:

    Васе.
    Тотално си во право.
    Ама има толку забегани во МК наша, што не сакаат ни името на ЈОСИП БРОЗ ТИТО да му го споменат, се грозат и од помислата на поранешната СФРЈ и ЈНА.
    Ама “убаво” им е сега во нашава вуко.бина, мочуриште, жив песок …
    Што да кажувам, Кочани и шталата таму го извадија сето ЃУБРЕ на нашите политиканти на виделина, ама дека баш ќе бидат ЕФИКАСНО осудени сите актери … СЕ СОМНЕВАМ.
    За убиството на Вања и Панче да не зборам … ТРУЛ “систем”, ТРУЛА “држава”, ТРУЛИ НАРКОСИ од власта, судско-обвинителството … СЕТО ТРУЛО, СМРДИ, КОРНЕЕЕ … ММЕ.

  • Budimko напиша:

    Diktatura vo YU…!?!….haha….od Tito.?!?!….uste podolgo “haahahaaahhha”…!!!!

  • Не блефирам напиша:

    Роден во СФРЈ учев школо СЕ бесплатно матурирав БЕЗПЛАТНО заврши ЈНА. Кога ќе дојдеше лето не се прашувавме дали туку каде на одмор. И ништо не ни фалеше. Диктатура? А ова сега што е? Анархија Другари и Другарки.

    • Surtuk напиша:

      Горд на чизми војнички од мои 14 години. Никогаш никој не ме прашал кој е татко ми, која е мајка ми. Тогаш не знаевме кој на која религија припаѓа, кој во што верува. Тогаш бевме сите еднакви деца, од професори, доктори, научници и работници… Секој имаше право да каже што мисли, без осуда. Не сум носталгичар но мислам дека беше поголема затворена демократија. Молејќи години да бидеме Европа… Тогаш сегашна ЕУ копираше од нас

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *