Apple веќе работи на плановите за избор на нивниот нареден главен директор, кој ќе го наследи Тим Кук. Потребата за тоа се’ уште е години во иднина, но тие како компанија на време ги прават ваквите подготовки.
Ова го истакна Тим Кук во интервјуто кој тој го имаше со познатата пеачка Дуа Липа во нејзината емисија „Dua Lipa: At Your Service“ на BBC Sounds.
Тој на прашањето дали има некакви планови за негов наследник одговори дека тие како компанија веруваат дека мора да се работи на овој план и веќе има детални планови. Иако не се планира скоро тргање од оваа позиција на Кук, сепак тој кажа дека никогаш не се знае што може да се случи.
Очекувано, Кук не кажа некои конкретни имиња, но кажа дека неколку луѓе се подготвуваат и тој навистина би сакал наредниот директор да биде од Apple.
Целото интервју во главно беше за тоа како тој го поминува денот, каде израснал и како доаѓа до тоа да работи во Apple.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.