Пет автомобили изгореа под Скопско кале

Пет автомобили изгореа под Скопско кале

Пет автомобили изгореа попладнево под Скопско кале, на улицата Личеновски на поранешниот полигон за полагање возачки испити. Пожарот избувнал околу 13:30 часот, а огнените пламени се префрлиле од возило на возила и под закана биле и останатите автомобили во близина, како и околното зеленило.  

За среќа повредени лица нема и причинета е само материјална штета. Пожарникарите по половина час успешно го изгаснале и локализирале пожарот.

Во гаснењето биле вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, а нивната интервенција спречила ширење на пожарот.

Од МВР ни рекоа дека веднаш биле упатени полициски екипи кои работат на утврдување за причините за истиот и дека по насока на Инспектор од СВР Скопје, биле повикани и сопствениците на возилата кои биле оставени на дивиот паркинг.

Засега официјални информации за тоа како настанал пожарот нема, а неофицијално причината за пожарот е запалена сува трева. Сопствениците кои дојдоа на местото ни рекоа дека само биле повикани од полицијата, и дека засега не знаат што би можела да биде причината за настанатиот пожар. 

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста