Евролига: Макаби и Барселона поведоа со 2-1

Кошаркарите на Макаби и Барселона поведоа со 2-1 во четвртфиналните серии од Евролигата во пресметките со грчките претставници Панатинаикос и Олимпијакос.

Како домаќин во Белград, Макаби го победи Панатинаикос со 85:83 (23:11, 23:26, 21:19, 18:27), со што поведе со 2-1 во серијата до три победи. Макаби водеше цел натпревар, во воведниот дел од вториот дел и со 15 поени разлика, но израелскиот тим ја осигури победата на само 1,8 секунди до крајот. Тогаш Браун ги погоди двете слободни фрлања за 85:83, додека на спротивната страна Нун со звикот на сирената промаши шут за „тројка“ и за победа.

Најдобар играч на Макаби беше Џош Небо со 22 поени и девет скокови. Лоренцо Браун додаде 16 со осум асистенции. Кај Панатинаикос најдобар беше Кендрик Нан со 25 поени.

Барселона по поролжението во Пиреја го победи домашниот Олимпијакос со 82:80 (13:13, 19:24, 25:14, 14:20; 11:9), со што каталонскиот тим ја врати предноста на домашниот паркет на своја страна.

Со звукот на сирената во продолжението, Петрушев го фаулираше Џаба Паркер, а овој погоди два од трите слободни фрлања за победа на Барселона од 82:80. Прв стрелец на Барселона беше Јан Весели со 16 поени, а Саторански, Паркер и Ернангомез додадоа по 13 коша. На другата страна Филип Петрушев постигна 18 поени со пет скока, а Мозес Рајт додаде 16 со осум скока.

Макаби и Олимпијакос повторно се домаќини на третите натпревари, а тие се закажани за 2-ри мај.

Во среда се играат третите натпревари меѓу Фенербахче – Монако и Басконија – Реал Мадрид. Во соочувањето меѓу турската и француската екипа резултатот моментално е 1-1, додека Реал води со 2-0 против Басконија.