| |

Главчев: Се надевам дека РСМ ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, нема да бидат правени повеќе отстапки. Воедно со тоа, позицијата што ја имаме е општоевропска позиција. Ова го изјави бугарскиот службен премиер Димитар Главчев по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори во Северна Македонија, јавува БГНЕС.

„Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира во Северна Македонија“, рече службениот премиер.

Главчев додаде дека Бугарија нема повеќе да прави отстапки во однос на пристапните преговори на РСМ во ЕУ и додаде дека нејзината позиција е позиција на целата Европска унија.

„На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека доколку не ги почитуваат условите за влез во ЕУ, тоа нема како да се случи“, заклучи тој.



Слични Објави