Отрови: Книги со арсеник во корицитe отстранети од Националната библиотека на Франција

Четири книги се отстранети од полиците на француската национална библиотека поради загриженоста дека нивните корици може да содржат траги од арсен. Овие томови од 19 век, отпечатени во Велика Британија, имаат смарагдно зелени корици, а арсенот во тој оериод најчесто се користел за боење корици.

Истражувачите од Американскиот универзитет во Делавер ги идентификуваа книгите извадени од полиците како потенцијално опасни.

Од библиотеката пак велат дека книгите може да предизвикаат само ситни и краткорочни последици доколку се прелистуваат.

„Ги ставивме во карантин овие публикации и надворешна лабораторија ќе изврши анализа за да процени колку арсеник има во секој том“, вели портпаролот на Националната библиотека на Франција.

Четирите дела ги вклучуваат книгата на Кралското хортикултурно друштво од 1862-1863 година, два тома Балади на Ирска на Едвард Хејс од 1855 година и двојазичната антологија на романската поезија на Хенри Стенли од 1856 година. Списокот на потенцијално опасни наслови е составен во рамки на проектот Poison Book Project.

Оваа иницијатива ја водат истражувачи од Универзитетот во Делавер во соработка со тамошниот музеј Винтертур. Четирите примероци биле дел од збирката на Националната библиотека на Франција помеѓу повеќе од 16 милиони книги.

Издавачите од викторијанската ера користеле арсеник за да ги обојат врзивите за книги, во пигменти како што се париско зелено, смарагдно зелено и зелено Шеле, именувано по хемичарот роден во Германија.

“Проектот за отровни книги” информира дека овие книги треба да се чуваат внимателно и дека можат да претставуваат ризик по здравјето на оние кои ракуваат со нив. Како одговор на пронаоѓањето на некои контаминирани наслови во сопствената колекција, Националната библиотека на Франција соопшти дека ќе испита други книги „надвор од списокот на овој проект“. Светската здравствена организација предупредува на долгорочна изложеност на арсен од водата за пиење и храната, додавајќи дека супстанцијата е „многу токсична во својата неорганска форма“. Но, од таму не даваат никакви конкретни совети за ракување со предмети што го содржат.

Во 2022 година, библиотекарите во Лидс откриле ретка книга чија корица содржела арсеник. “Мојата сопствена градина: Годишникот на младиот градинар” е објавен во 1855 година и има светло зелена корица.

Билиотекарот Рајан Исак ја открил книгата споредувајќи ја збирката на библиотеката со глобалната база на податоци на познати контаминирани наслови на Проектот Poison Book.

Неодамна, некои книги беа отстранети и од полиците во Германија како мерка на претпазливост, поради можна контаминација со арсеник.

Извор:   BBC

Back to top button
Close