Маж нападнат од мечка во велешко, го спасиле неговите кучиња!

Маж на возраст од 60 години синоќа бил нападнат од мечка во атарот на велешкото село Оморани. Настанот се случил додека тој напасувал крави, а при нападот мечката го каснала.

Го спасиле неговите кучиња, кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.

Од СВР Велес потврдија дека синоќа во 21.30 часот во болницата во Велес, Ц.С.(60) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња

Back to top button
Close