Даскаловски: Нека има и Бугари во Уставот, но тоа да го направиме со одложено дејство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жидас Даскаловски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека реално ние не сме земја членка и Бугарија во ЕУ има поголема моќ.

Тој вели дека можеби нешто ќе се случи поради геополитички причини.

„Во ред нека има и Бугари, Црногорци, Хрвати во Уставот, но тоа да го направиме, да не се излажеме како со Грција кога потпиша Владата на Зоран Заев, договор кој требаше да ги отвори портите, а не ги отвори. По таа логика да бидеме претпазливи, да направиме влез со т.н. одложено дејство“, вели Даскаловски.