Бугарите со логото и името на ФК Вардар собираат пари да формираат клуб во Македонија

Бугарите се во нова мисија во Македонија. Сакаат да имаат свој фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во некоја од лигите на нашата земја.

Преку таканаречена фондација „Македонија“, тие најавуваат дека собираат пари за формирање на клуб за да формираат клуб што ќе се натпреварува во Македонија. Оваа фондација го користи името и логото на најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар.

Во апелот за донирање пари, се открива дека целта е да се соберат минимум 15.000 евра, за да може да се пријават да играат во македонска лига. Фондацијата се пофали дека собрала 5.000 евра, што значи дека остануваат уште две третини од парите планирани за буџет да се соберат.

Во натписот на фејсбук профилот се вели дека Бугарите целат да имаат свој клуб во Македонија за прв пат по 1944 година, годината кога всушност и капитулираше фашистичката оска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести