Top Sport

Рикелме: Згрозен сум од денешните фудбалери

Легендарниот аргентински репрезентативец, а денес претседател на Бока Јуниорс, Хуан Роман Рикелме е разочаран од односот на денешните фудбалери кон својата професија.

„Порано го сакавме фудбалот. Не ни беше важно да танцуваме после натпревар и да правиме слични работи. Денес играчите повеќе се грижат да се фотографираат со својот фризер. Се чувствувам згрозено, се нервирам бидејќи не можам ништо”, изјави славниот Аргентинец.

Во својата кариера, Рикелме играше за Бока Јуниорс, Аргентинос Јуниорс, Виљареал и Барселона, за Аргетнина во периодот од 1997 до 2008 година офигра 51 натпревар. Лионел Меси никогаш не криел дека негов идол е Рикелме.

Scroll to Top