20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја банка има најголем потенцијал за кредитирање на компаниите и домаќинствата во...

Која банка има најголем потенцијал за кредитирање на компаниите и домаќинствата во 2023 година

Трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска Банка АД Скопје ги објавија билансите за своето работење во 2022 година на сајтот на Македонската берза.

Трите банки во 2022 година остварија високи добивки од своето работење во износ од 7.045 милиони денари или околу 114,2 милиони евра.

Добивките на банките во најголем дел се резултат на каматните приходи кои што во 2022 година се зголемени во однос на претходната година како резултат зголеменото кредитирање на нефинансискиот сектор(компаниите и домаќинствата) и на зголемените каматни стапки заради зголемената основна каматна стапка на Народната банка.

Зголеменото кредитирање, трите банки го направиле во најголем дел од зголемените депозити на компаниите и домаќинствата, а дел и преку преструктуирање на дел од пласманите во хартии од вредност во кредити кои се повисоко каматоносни пласмани.

Денар анализираше колку од депозитите коишто се основен извор за работа на банките, ги пласираат во кредити на компаниите и домќинствата.

Депозитите на други комитенти(компании и домаќинства) во Стопанска банка АД Скопје на 31.12.2022 година изнесуваат 94,4 милијарди денари, а кредитите на други комитенти 85,9 милијарди денари. Индексот кредити од депозити(loan to deposit ratio) изнесува 91 %.

Депозитите на комитентите во НЛБ Банка АД Скопје изнесуваат 90,18 милијарди денари, а износот на кредити на други комитенти 71,05 милијарди денари. Индексот на кредити од депозити изнесува 78,80 %.

Депозитите на Комерцијална банка АД Скопје изнесуваат 133,2 милијарди денари, а износот на кредити на други комитенти 59,9 милијарди денари. Индексот на кредити од депозити изнесува 45,0 %.

Потенцијалот на Комерцијална банка АД Скопје за кредитирање на други комитенти(компании идомаќинствата) е најголем.

Колкав ќе биде индексот кредити од депозити одлучуваат органите на управување на секоја банка, а притоа водејки сметка за кредитниот и ликвидносниот ризик и регулативата на Народната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП