Ванковска: Претседателските кандидати до сега не изразија солидарност со палестинскиот народ

Ванковска: Претседателските кандидати до сега не изразија солидарност со палестинскиот народ

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска изјави дека до сега ниту еден од нејзините противкандидати не ја изразил својата солидарност со палестинскиот народ. Според неа, врховните команданти би требало да разговараат за мировна дипломатија. Зборувајќи за војните во појасот Газа, Украина но и нападот на Иран врз Израел таа рече дека нејзината политика би била мировна.

Денес иако е времето топло намерно сум нагрната со оваа палестинска кефија. Тоа е мојата политичка изјава. Јас сум запрепастена дека претседателски кандидати кои се борат за првата позиција во државата до сега не изразија ниту еден збор за солидарност со палестинскиот народ и против геноцидот што се случува во Газа. Полни им се устите со Европска Унија. Да ги урнам оние илузии дека одењето во ЕУ значи чекорење во некоја совршена зона на мирот, на демократијата. Таму како што гледате расте неофашизам, рече Ванковска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста